Seminarski i Diplomski Rad

 

 

 

 

 

 

 

Семинарска работа по предметот:

 

Уставно право

 

 

 

 

На тема:

Европската Конвенција за човекови права и Европскиот Суд за човекови права

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

www.maturski.org

 

 

 

Содржина:

 

            Вовед.........................................................................................................2

 

1.    Европската Конвенција за човекови права........................................3

 

        Настанок и донесување на Европската Конвенција за човекови права..................................................................................3

        Суштинска гаранција.........................................................................4

        Толкување на Конвенцијата……………………………………...……6

        Европски Суд за човекови права како машинерија за спроведување во сила………………………………….………………7

 

 

 

  1. Европски Суд за човекови права……………………………………...…8

 

        Воспоставување на Европскиот Суд за човекови права………8

        Состав на Судот…………………………………………………………..9

        Избор на Судиите………………………………………………...……..10

        Формациите на Европскиот суд за човекови права………...…11

        Постапки пред Судот…………………………………………………..12

 

Заклучок……………………………………………………………………….13

Користена литература..........................................................................14

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вовед                                                                                                                                  

 

Основите на човековите права - почитувањето на секој поединечен човечки живот и достоинство - можат да се најдат во најголем број големи светски религии и философии. Човековите права не треба да се купуваат, заработат или да се наследат - тие се нарекуваат "неотуѓиви" затоа што никој нема право да му ги одземе на било кој од било каква причина.Секој човек има неприкосновен суверенитет врз основните сопствени права. Ова значи дека тие се својствени за секое човеково битие, без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповеста, политичкото или друго мислење, национално или општествено потекло, имотен, статус по раѓање или друг статус. Човековите права се особено важни во односите меѓу луѓето и државата. Со нив се контролира и регулира извршувањето на државната власт врз поединците, се доделуваат слободи на поединците во однос на државата, и со нив се бара од државата да ги задоволи основните потреби на луѓето под нејзина јурисдикција. Овие права најдобро се опишани во меѓународните текстови за кои се договориле државите и со кои се поставуваат стандардите во областа на човековите права. Еден ваков документ е и Европската Конвенција за човекови права, - во која се заштитени основните права на човекот, изразени преку протоколи кои имаат силно влијание речиси во целиот правен и политички свет.

Како резултат на еден од овие протоколи (Протоколот 11 во Европската Конвенција за човекови права), Европскиот суд за човекови права стана единствена институција во заштитата на човековите права изнесени во Конвенцијата. Поставувањето на една ваква институција на толку високо ниво е од основно значење за постоење на континуиран надзор, како и еден вид арбитража против било каква форма или обид за кршење на одредено човечко право, содржано во Конвенцијата. Имајки во предвид дека пресудите на Европскиот суд се конечни и правосилни, и дека тие се задолжителни и извршни за државите – членки на Советот на Европа, заклучокот е дека Европскиот суд за човекови права, игра своевидна улога многу слична на улогата на Уставните судови во националните правни системи.

 

1. ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

1.2. Настанок и донесување на Европската Конвенција за човекови права

 

            Европската конвенција за човекови права е усвоена 1950 година, во рамките на Советот на Европа, меѓународна организација, формирана по втората светска војна како резултат на првиот повоен обид за обединување на Европа, и потребата од елаборирање на обврските кои произлегуваат од членството во советот[1]. Во поопшта смисла Конвенцијата претставуваше одговор на минатите и тековни настани во Европа, која во прв план произлезе од желбата и потребата од заштита на европските држави од се поголемиот замав на комунизмот, особено неговото проширување по втората светска војна. Европската конвенција за човекови права претставува симболичка изјава за принципите за кои се залагаа западно европските држави, како и своевидно средство кое можеше да одигра значајна улога во заштитата од комунистичката субверзија. Исто така Европската конвенција за човекови права претставуваше и реакција на сериозните повреди на човековите права, со кои се соочи Европа во текот на Втората светска војна.   Очекувањата беа дека Европската конвенција за човекови права ќе послужи за навремено алармирање на останатите западноевропски држави во случај на настанување на масовни повреди на човековите права, и ќе овозможи навремена акција во обидите за нивното спречување, меќутоа оваа нејзина улога остана маргинална, односно латентна играјки позначајна улога само во мал број случаи. Наместо тоа примарната употреба на Европската конвенција за човекови права беше покренување на прашања за конкретни повреди на човековите права во државите кои во основа ги почитуваат нејзините барања, и се пример на „заедничкото наследство на политички традиции, идеали, слободи и владеење на правото“ на кои се повикува преамбулата на конвенцијата, или во случајот на посткомунистичките држави кои ја имаат превземено обврската кон придвижување во оваа насока. Се повеќе Европската конвенција за човекови права прераснува во повелба на правата, додека Европскиот суд за човекови права превзема улога која воглавно има сличности на улогата на уставен суд во националните правни системи.

            Конвенцијата  стапи на сила во 1953 година, и беше ратификувана од страна на 47 земји членки на Советот на Европа, додека бројот на потписнички значително се зголеми по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и дезинтеграцијата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во почетокот на деведесетите години од минатиот век, додека како резултат на политиката на отвореност спрема Русија и останатите посткомунистички држави, нивниот број уште повеќе се зголеми.

            Денес, Европската конвенција за човекови права претставува дел од една мрежа на меѓународни договори за човековите права со универзална или регионална примена, и игра важна улога во заштитата на Универзалната декларација за човекови права, од 1948 година.

 

 

           1.3. Суштинска гаранција

 

Европската конвенција за човекови права во прв ред ги штити граѓанските и политичките права, кои права беа прашање на приоритет и тактика, со оглед на времето на донесувањето и временската рамка за прифаќањето и нејзината ратификација. Иако не беше спорно дека во тоа време заштитата на останатите (економски социјални и културни ) права исто така беше и тоа како потребна, меѓутоа непосредната потреба беше создавање на кус, разбирлив и неконтроверзен текст, кој ќе биде веднаш усвоен од владите, додека бранот за заштита на човековите права е доволно силен.

            Европската конвенција за човекови права вклучувајки ги нејзините Протоколи, ги заштитува поголемиот број на граѓански и политички права, но не сите. Таа директно не ги гарантира правата на припадниците на малцинските групи, слободата од расистичка и друга пропаганда или правото на признавање како лице пред законот. Меѓутоа еволутивниот карактер на Европската Конвенција за човековите права, во праксата го потврдува спротивното. Првичниот текст на Европската Конвенција за човекови права опфаќал само 16, а денешниот текст опфаќа околу 25 човекови слободи и права, од каде се гледа ваквиот карактер на Конвенцијата, како и нејзината отвореност за постепено дополнително вградување на нови човекови права преку правната техника на донесување на протоколи и нивно ратификување од државите – членки на Советот на Европа.

            Европската Конвенција за човекови права има заштитничко дејство како и референтно значење во однос на гарантирањето на основните права на секој поединец во рамките на државите – потписнички.Правата и слободите на секој поединец се гарантирани од страна на засегнатите земји - "Државите-договорнички" според прописите на меѓународното право, каде за прв пат се донесе меѓународен договор за човековите права со конкретен механизам за заштита. Парламентите и судските тела имаат исто така солидна референтна точка за човековите права што им помага при донесувањето и толкувањето на законите.

На кратко, Европската Конвенција за човекови права и нејзините протоколи ги гарантираат

Правото на:

§     живот, слобода и безбедност на личноста, правично судење во граѓанско-правни и кривично-правни работи

§     глас и да се биде кандидат на избори

§     слобода на мисла, свест и вероисповест

§     слобода на изразување (вклучително слобода на медиумите)

§     имот или мирно уживање на имотот

§     слобода на собирање и здружување

Забрана на:

§     тортура, нечовечно или понижувачко постапување или казнување

§     смртна казна, ропство и присилен труд

§     дискриминација во уживањето на правата и слободите гарантирани во Конвенцијата

§     протерување на сопствените државјани или да им се откаже влез колективно протерување на странци

 

 

 

1.4. Толкување на Конвенцијата

 

Постојат неколку начини или пристапи во толкувањето на Европската Конвенција за човекови права[2]:

 

·         Генерален Пристап

·         Пристап со акцент на целта и смислата на Конвенцијата

·         Динамично или Еволутивно Толкување

·         Толкување преку потпирање врз европските национални стандарди

·         Толкување преку Приципот на пропорционалност

·         Толкување со помош на Доктрината на слобода на одлучување

·         Толкување преку повикување на меѓународни стандарди

·         Доктрина на Четвртата инстанца

·         Ефективно толкување

·         Конзистентност на толкувањето на Конвенцијата во целина

·         Толкување преку ограничувањата произлезени од јасното значење на текстот

·         Толкување преку Автономното значење на термините од Конвенцијата

·         Потпирање на TRAVAUX PREPARATOIRES (подготвителна работа)

·         Толкување преку интерпретативната улога на судот

 

Толкувањето, односно интерпретацијата на Конвенцијата е работа на Судот за човекови права. Пред укинувањето на Комисијата за човекови права во 1998 година, таа исто така имаше значајна улога во толкувањето на Конвенцијата, иако значително помала во однос на Судот за човекови права, бидејки во случаи кога толкувањето на Конвенцијата од страна на Судот не се сложуваше во однос на толкувањето на Конвенцијата од страна на Комисијата, КОмисијата беше таа што го менуваше своето гледиште.

 

 

            1.5. Европскиот Суд за човекови права како машинерија за спроведување во сила

 

            За разлика од поголемиот број други меѓународни договори за човекови права Европската Конвенција за човекови права располага со многу силни механизми за нејзино спроведување во сила на начин што дава можност и за државни и за индивидуални жалби. На пр. според Протоколот 11 и државни и индивидуални жалби се изнесуваат пред Европскиот суд за човекови права[3], кој претставува суд составен од судии во постојано заседание.

            Врз основа на горе наведеното, како и досегашната практика, како и обврзувачкото дејство на Европската Конвенција за човекови права во однос на државите членки кое се заснова преку ратификацијата може да се заклучи дека Европскиот суд игра важна улога како своевиден механизам за спроведување во сила на Европската Конвенција.

 

 

2. ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

            2.1. Воспоставување на Европскиот Суд за човекови права

 

Европскиот суд за човекови права е уникатно тело во историјата на меѓународното право. Повеќе од 800 милиони луѓе имаат непосреден пристап до него и можност да изнесат жалби за повреди на нивните основни права. Судот е во самиот центар на системот на заштита на човековите права, кој врши влијание врз демократските правни поредоци на речиси сите европски држави.

Основан е  во 1959 година со намера да обезбеди систем на рано предупредување против ослабнувањето на демократските стандарди или евентуалната појава на диктатури.

Сегашниот постојан суд кој започна со работа на 1-ви Ноември 1998 година со стапувањето во сила на Протокол 11, е производ на фузијата на две одделни времени тела кои сега не функционираат – Европската комисија за човекови права и поранешниот Европски суд за човекови права. Усвојувањето на Протокол 11 беше поттикнато од серија фактори: растечкото работно оптоварување на Комисијата и Судот, должината на времето потребно за решавање на случаите, како и желбата да се елиминира дуплирањето на постапката во која овие две тела превземаа мериторно разгледување на допуштените предмети. Под Протокол 11 Комисијата и Судот беа заменети со единствена постојана институција, составена од по еден судија од секоја држава – договорничка на Конвенцијата. Судиите се трајно ситуирани во седиштето на судот-Стразбур и неможат да се ангажираат во никаква дејност која е неспоива со барањето на функцијата со полно работно време. Исто така, Протокол 11 го укина формалното барање државите – договорнички да ја признаат надлежноста на судот пред тој да се зафати со разгледување на конкретен случај.

Воспоставувањето на Европскиот суд за човекови права продолжи со креирање на протокол 14 кој е ратификуван од 47 држави -  договорнички. Протоколот 14 претставува промена во процедурите на работата на Судот од Стразбур. Тој беше усвоен во мај 2004 година од 47-те земји-членки на Советот на Европа, но последната ратификација, од страна на Руската федерација се случи на 18 февруари 2010 година, што дозволи негово ефективно спроведување од 1 јуни 2010. Овој Протокол дозволува еден единствен судија, наместо Комитет од тројца судии да ја прогласи една жалба за неприфатлива и да ја избрише од Регистарот. На овој начин ќе се одлучува за поедноставните предмети. Комитетот од тројца судии пак ќе може да носи пресуди, за оние случаи во кои досега беа потребни седум судии. Европскиот суд од Стразбур со Протоколот 14 е овластен да отфрла жалби, под извесни услови, односно кога жалителите "не претрпеле некоја поголема штета". Според статистичките податоци, над 90 проценти од предметите кои пристигаат во Стразбур се отфрлаат како неосновани.

 

 

2.2 . Состав на Судот

 

Функционирањето на судот и неговите постапки се уредени со Делот II од Конвенцијата за човекови права. Членот 30 од Конвенцијата предвидува дека бројот на судии ќе биде исто толкав колку и пројот на држави – потписнички, односно 47.  Судиите се избрани за период од 6 години, со право да бидат реизбрани, иако според Протоколот 14 во транзициониот период се предвидува дека заради јакнење на судската независност потребно е воведување на еднократен необновлив мандат во траење од 9 години. Според член 23 став 7, „судиите остануваат на функција се додека не бидат заменети“ потврдено и во практиката дека судиите  продолжуваат со вршење на функцијата се додека не бидат заменети.

Критериумите за вршење на функциите се дефинирани во член 21 од Конвенцијата, кој специфира дека судиите треба да имаат „највисок морален углед“, мораат да имаат квалификации за вршење на високи судски функции и да бидат правни стручњаци со призната компетентност. Во овој член (21) исто така се бара судиите да не се ангажираат во дејности кои се неспоиви со нивната независност и непристрасност, и со барањата за полно работно време.

Членот 51 од Конвенцијата ги овластува судиите на одредени привилегии и имунитети – одредени во Протоколот 6 од 1966 година, во вршењето на нивните функции, со што се засилува независноста на судот, кои имунитети и привилегии можат да бидат одземени само од страна на Пленарното собрание на Судот.

 

 

2.3. Избор на Судиите

 

Изборот на судиите му се доверува на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој изборот го врши од лист ана тројца кандидати номинирани од страна на договорната страна. Во практиката на ова собрание, а во согласност на неговите Резолуции 1366 (2004) и 1436 (2005), Собранието нема да гласа за листа се додека истото не е убедено дека се задоволени одредени услови: исполнување на условите да бидат судии, независност од државата која ги номинира, способноста за работа на најмалку еден од службените јазици на Судот, подготвеност на живот во Стразбур, како и во интерес на родовиот баланс, на листата да има најмалку еден маж или една жена, иако дојде до донесување на одреден број на исклучоци по последното правило, по случајот на блокадата во однос на листата на Малта. Изборот на кандидатите на листата на судии, се остварува преку избор од страна на секоја држава – договорничка, додека  Собранието со донесување на Препораки[4], со кои прави обид да изврши своевидна реформа како и предвидување на начинот на кој државите ги продуцираат своите кандидати.

Повремено судиите се повлекуваат од разгледување и работа на одредени случаи како резултат на различни причини: конфликт на интереси, учество во одреден случај како судија претставник на национален суд, член на Комисијата при разгледување на одреден случај, и сл.

Во врска со претходно наведеното, постои можност за поставување на AD HOC[5] судија, во случај кога еден судија ќе се повлече од одреден предмет по основ на претходно наведените причини, тогаш неговото место, во зависност од причината за повлекување, ќе го заземе еден од судиите заменици или ќе биде назначен нов судија.Измената на правилата на назначувањето на AD HOC судија се предвидени во Протоколот 14, според кој секоја држава – договорничка ќе треба да достави резервна листа на судии, од кои во случај на потреба Претседателот на судот ќе треба да направи избор.

 

 

2.4.    Формациите на Европскиот суд за човекови права

 

Административната и судската работа на Судот се врши во повеќе функции.  За административната работа на Судот, одлучува Пленарното Собрание, во чиј состав спаѓаат сите судии. Пленарното собрание ги избира Претседателот на Судот, двајцата потпретседатели, и Претседателите на судските совети.

Во поглед на судската работа, судот е поделен на одбори, секој од нив во состав со по 9 или 10 судии, кои се менуваат на секои 3 години за да се обезбеди ротација на судиите низ сите одбори, и сите одбори се балансирани во географска или родова смисла.

Најзначајните одлуки за одредени случаи се носат од Судски совет, или од Големиот Судски Совет,  кој е составен од 17 судии кои се определуваат по пат на ждрепка од сите одбори, и игра одредена улога на Уставен Суд на Судот.

 

 

2.5.    Постапки пред Судот

 

Постапките пред Судот, можат да се поделат во два дела, и тоа првиот дел ги содржи постапките сместени во делот од иницијална жалба до пресуда, додека вториот дел е резервиран за дополнителни процедурални пррашања.

Според статистичките показатели, Судот речиси целосно функционира преку остварувањето на правото на индивидуална жалба. Право на индивидуална жалба може да поднесе секое правно или физичко лице, кое смета дека од страна на договорната страна доаѓа до кршење на основните човекови права, кои се предмет на заштита на Европската Конвенција за човекови права, без оглед на националноста, местото на живеење, граѓанскиот статус или деловната способност. Договорните страни не смеат во никој случај, и со никаква мерка да го попречуваат ефективното вршење на правото на индивидуална жалба.

Секоја договорна страна може да се обрати до Судот за секоја наводна повреда на одредните на Конвенцијата, и на нејзините Протоколи, од друга договорна страна, кое право произлегува од ратификацијата на Конвенцијата.

Секоја жалба до Судот, мора да биде проследена на однапред утврден начин. Иако службени јазици на Судот се англискиот и францускиот, жалбата моѓе да биде напишана и на јазикот на било која договорна страна, која понатаму ќе биде рзагледана, и во зависнот од сериозноста на содржината ќе биде распоредена, и изнесена пред телото кое ќе одлучува по истата.

Во случај да биде донесена конечна пресуда, „ Високите страни договорнички се обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во споровите во кои се странки “[6]  

Кога Судот ќе донесе пресуда во конкретен случај, и доколку не утврдил постоење на повреда на некоја одредба од Конвенцијата, тогаш е јасно дека тоа е крај на спорот, и не е потебно никакво дополнително дејствие. Меѓутоа, доколку во пресудата Судот утврди постоење на најмалку една повреда, тогаш е подеднакво евидентно дека ќе треба да се превземат дополнителни мерки. Како и со секој друг суд, без оглед дали е тој национален или меѓународен пресудите и на овој Суд не се самоизвршувачки. Исто така, Судот нема овластување да спроведе во сила своја пресуда. Иако последниве години и самиот суд прави напори кон индицирање на индивидуални и енерални мерки во своите пресуди, тие барем засега немаат полна сила на извршни решенија, како што може да издаде национален суд. Наместо тоа, по сила на чл.46 ст.2 од Конвенцијата[7], задачата и спроведувањето на пресудите паѓа на Комитетот на министри на Советот на Европа.

 

 

 

 

 

 

Заклучок                                                                                                                             

 

            Од оваа тема може да се дојде до заклучок дека, донесувањето на Европската Конвенција за човекови права, а со тоа и воспоставувањето на Европскиот Суд за човекови права, во историјата одиграло клучна улога во обидите на се поголем број држави за донесување на своевиден инструмент за пошироко владеење на неприкосновеноста и суверенитетот основните човекови права. Со самиот факт дека Конвенцијата е потпишана од голем број држави на Европскиот континент, вклучувајки ја и Русија, овој документ, кој има пишана форма во формална смисла, добива сила на еден устав на уставите, додека Европскиот Суд за човекови права би можел да се нарече суд на судовите. Имајки ја во предвид можноста дека секоја индивидуа може да поднесе жалба за било каква повреда на било кое право загарантирано со конвенцијата, се гледа дека постои тенденција за приближување на овие инструменти за владеење до се поголем број на граѓани, без разлика на географската припадност на истите, во рамките на територијата на земјите – потписнички. Ова значи изарамнување на сите правни субјекти на иста појдовна точка во секој обид за остварување на своите права, која е всушност и основната цел на донесувањето на Конвенцијата.

 

           

 

             

 

           

 

 

 

 

 

 

 

Користена литература :

 

http://en.wikipedia.org 

http://conventions.coe.int/treaty/en/Treaties/Html/005.htm              http://mk.wikipedia.org/wiki

 

 

www.maturski.org

 

Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.maturski.org  je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.

 

Posetite nas na sajtovima ispod:

http://www.maturski.org

http://www.maturski.net

http://www.seminarskirad.org

http://www.seminarskirad.info

http://www.seminarskirad.biz

http://www.maturski.org

http://www.magistarski.com

http://www.essaysx.com

http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi

 Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing,  finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija,  preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver,  hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...),  biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno,  psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo,  ustav, medicina, engleski jezik, ...).

 

Uspostavljanjem ovog projekta,  zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.

 

U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim,  sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti,  čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.

 

Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.

 

 

 



[1] Согласно членот 3 од Статутот на Советот на Европа од 1948 година, секоја држава – членка мора да ги прифати принципите на владеење на правото и уживањето на човековите права и основните слободи од страна на сите лица во нивна јурисдикција.

[2] , Harris, O’boyle & Warbrick , Law of The European Convention on Human Rights, Oxford University Press, 2009.

[3] Судот има седиште во Стразбур, Франција, и дејствува во рамки на Советот на Европа, кој има седиште таму.

[4] Препораката 1429 (1999 година) ги повикува државите договорнички да објават отворен повик за кандидатури преку специјализирани печатени медиуми, да ги консултираат националните парламенти кога се дефинира листата и да поднесуваат листа на која кандидатите се наведени по азбучен ред.

[5] AD HOC – латински израз кој обично значи решение наменето за одреден проблем или задача, кое не моиже да послужи за други намени - http://en.wikipedia.org/wiki/Ad_hoc

[6] Член 46 став 1 од Европската Конвеција за човекови права.

[7] Член 46 став 2 од ЕКЧП„Конечната пресуда на Судот му се доставува на Советот на министрите кој го надгледува нејзиното извршување“.

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!